Инсистираме сите спорови да се решат сега, пред почетокот на преговорите на РСМ со ЕУ, за да нема веќе предуслови Бугарија да го запре овој процес, се вели во отворено писмо на организациите на „македонските Бугари“ упатени до премиерите и претседателите на Бугарија и на Македонија, што го објави БГНЕС.
„Допуштање на нерешените прашања меѓу Македонија и Бугарија во преговарачкиот процес не е во интерес на Бугарија, Македонија или македонските Бугари, туку всушност само во интерес на оние кои сакаат да го забават или блокираат процесот на евроинтеграции на Македонија. И да создадеме нови тензии меѓу нашите две земји“, се вели писмото.
Натаму во истото се додава дека „има многу аргументи против гнасната и ненамерна позиција на која сега сакаме да ги затвориме очите“.
„Тие имаат за цел да ги игнорираат овие прашања за тие или никогаш да не се решат или да направат сериозна замка во процесот на европската интеграција на Македонија. Членството во ЕУ треба да биде резултат на исполнување критериуми и споделување вредности, а не само стремеж за апсорпција на европските фондови. Врз основа на моменталната ситуација со руската инвазија на Украина, одредени сили повикуваат на итен и безусловен почеток на преговорите меѓу РСМ и ЕУ, и покрај тоа што нема напредок по спорните прашања. Во овој случај, не можеме а да не потсетиме на клучната улога на Советскиот Сојуз во процесот на создавање на македонизмот и неговото насилно наметнување како државна политика во Бугарија и Југославија“, се наведува во писмото.
Отвореното писмо „македонските Бугари“ од Република Македонија е испратено до претседателите и премиерите на Бугарија и на Македонија – Румен Радев, Стево Пендаровски, Кирил Петков, Димитар Ковачевски.
Како што објави БГНЕС, писмото е потпишано од Љупчо Георгиевски – КЦ „Иван Михајлов“- Битола, Елизабета Најдоска Величкова – Здружение „Трибуна“- Прилеп, Добре Митрев – Здружение „Македонско-блгарско пријателство“- Скопје, Владимир Перев – Здружение „Коридор 8“- Скопие, Владо Треневски – Здружение „Интеракција“- Охрид, Столе Велков – Сдружение „Единство“- Кочани, Петар Колев – ПП Гражданско демократичен сојуз.