СДСМ е паријата која потрошила за 5 месеци неколку милиони евра за набавка на службени возила, перење на возила, мебел, кафе, цвеќиња, жардињери, фстаци и хотелски услуги, и е лицемерно да говори за штедење.
Ова се истакнува во реакцијата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чие соопштение го пренесуваме во целост:
Да потсетиме дека за овие 5 месеци владата потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.
Министерството на Артан Груби потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.
МВР во време на криза набавило мебел во вредност од 250.000 евра, а министерствата на Маричиќ, Османи и Николовски околу 2,5 милиони денари за перење на возила и мебел.
Ова е само дел од милионското аздисување на власта на СДСм и ДУИ во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај.
Тоа што се обидува својата неспособност и своето недомаќинско работење да го покрие со манипулации за други, покажува дека СДСМ во исто време е нервозна од резултатите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои за овој период реализираа илјадници проекти.
Патем овие проекти ги реализираа во услови на наследени празни буџети, долгови и опструкции од централната власт.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ