Руската армија поседува повеќе тенкови отколку сите европски држави заедно вбројувајќи ја и Турција, според статистиката и анализите за 2022 година достапни на Глобал Фаер Пауер (Global Firepower).

На светската листа Русија стои на првото место со 12.420 тенкови. На второто место е САД со речиси двојно помалку од Русија. На третото, четвртото и петтото место се Северна Кореја со 5.895, Кина со 5.250 и Индија со 4.614 тенкови.

Во Европа, покрај Русија, најдоминантни држави според бројот на тенкови се Турција (3022), Грција (1243) и Украина (2596).

Зачудува фактот што водечките држави од Западна Европа како Франција и Германија имаат помалку тенкови од некои Балкански земји како Бугарија, Романија, Србија и Босна.

Македонија и Молдавија имаат по 10 функционални тенкови во армијата.

М.П.