Поранешниот пратеник и познат македонски оперски пејач, Игор Дурловски реагира во врска со затварањето на голем број продавници на фирмата КАМ кои се на удар на УЈП и на поддршката од министри во Владата за друга фирма која е нејзина конкуренција.
– Кипер го рекламираат, Кам го пломбираат. Е, Нøрдистане земјо мизеријо!, пишува Дурловски во неговара реакција на социјалните мрежи.
Алузијата се однесува на реклама која од министри во владата кои и на Фејсбук го рекламираат трговскиот синџир Кипер.
Дурловски објавува на Фејсбук прилиожува и текстови од портали од кои се гледа селективност во работата на владините институции.
Вчера директорката на УЈП и висок функционер на СДСМ Сања Лукаревски објави дека 300 иснпектори се во акција во КАМ.
Предходно министерот за економија Крешник Бектеши на својот министерски профил направи реклама за приватната компанија Кипер.