Дали ЕТЦ ТРАВЕЛ, Агенција сопственост на братот на Артан Груби ќе профитира од аранжманите за Порто за мечот Македонија – Португалија?- прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали чартер летот што ќе го организира ФФМ, а ќе чини 500 евра по човек ќе биде преку Туристичката агенција ЕТЦ ТРАВЕЛ, сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби? Дали браќата Груби сакаат да профитираат од спортот, и од сите оние наши сограѓани кои ќе сакаат да одат да ја бодрат нашата репрезентација, а тоа ќе мора да го сторат преку чартер летот кој ќе се одвива преку ЕТЦ ТРАВЕЛ на Груби? Доколку се пријават 200 наши сограѓани, браќата Груби би инкасирале 100.000 евра. Доколку се пријават 400, сумата која ќе ја наплати Агенцијата на Груби ќе биде 200.000 евра. Дали на Груби не му е доволно што од голтар стана милионер, па сега сака да ќарува и на спортската еуфорија и радоста на граѓаните за успехот на репрезентацијата?- прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, утре фудбалската репрезентација на Македонија игра против Португалија, а победникот од овој натпревар патува на Светското фудбалско првенство во Катар.