Премиерот Димитар Ковачевски утрово на Твитер објави дека се шокирани од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили.
– Шокирани сме од снимките од ослободените градови во Украина како Буча и злосторствата извршени од руските инвазиски сили. Насилството врз цивилите мора да запре веднаш, а извршителите и наредбодавачите на овие злосторства мора да бидат изнесени пред лицето на правдата!, напиша Ковачевски на Твитер.