Во последното деноноќие се регистрирани 142 нови случаи со Ковид 19 од 1.997 направени тестови, како и еден починат пациент.
Починато лице е од Скопје (82г). Починало во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени три починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати меѓу 07.03-08.04.2022 година и кај сите биле регистрирани коморбидитети.
Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се и 198 оздравени пациенти. Од новозаразените 142 лица, кај имало 25 реинфекции, односно повторно заразување со вирусот.
Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а на активни случаи изнесува 1.112. Од нив повеќе од половината се во Скопје каде има 592 активни случаи.