Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва на 22.04.2022 година регистрираше земјотрес 296 км северозападно од Скопје кој потекнува од територијата на Република Босна и Херцеговина, 42 километри југоисточно од градот Мостар.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 07 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.7, а беше почувствуван од граѓаните во Скопје, Гостивар, Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Според првичните информации, во БиХ нема поголеми штети, иако потресот траел повеќе од една минута. Еве една од фотографиите што ги објавува Дневни аваз: