Руските и белоруските тенисери ќе можат да играат на Отвореното првенство на Франција во 2022 година.
Ова информација ја соопшти претседателот на Француската тениска федерација Жил Моретон. Тој нагласи дека учеството на овие тенисери на Грен слемот Ролан Гарос е можно само со неутрален статус.
– Позицијата не е променета. До денес, ние ја почитуваме декларацијата од 9 март 2022 година на сите министерства за спорт на Европската унија и другите земји потписнички, која има за цел да воведе режим на строга неутралност за руските и белоруските спортисти – без знаме, без химна. Точка. Ова е ставот и ние го следиме, изјави Моретон за „L’Equipe“.
Претходно на тенисерите од Русија и од Белорусија им беше забрантео да учествуваат на Грен слемот Вимблдон. Моретон не го коментираше овој факт, истакнувајќи дека позицијата на Велика Британија може да се разликува.
– Нема да навлегуваме во проценките и одлуките на владата на Обединетото Кралство. Секој има свој став, додаде Моретон.
Отвореното првенство на Франција ќе се одржи од 22 мај до 5 јуни.