Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одлучува за пристап кон активна блока на Собранието со цел постигнување дијалог и предвремени избори, соопштија од партијата.
– СДСМ се игнорантски поставени кон потребата од дијалог во општеството по однос на сите кризи кои се резултат на нивното неработење, криминал и неспособност, а кои ја донесоа државата до потреба од задолжување од 900 милиони евра, а граѓаните до сиромаштија, и постигнување на договор за датум за предвремени парламентарни избори, се наведува во соопштението.
На тој нивен игнорантски пристап, се додава натаму, ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори во иста мерка.
– Вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува за преземање на активна блокада во Собранието, што ќе значи блокада на сите процеси и закони како на комисиите, така и на пленарните седници. ИК на партијата ќе одлучува за пристап кон целосна амандманска блокада во собранието и филибастеринг со цел спречување на едноумието на власта, а што има за цел постигнување дијалог за предвремени парламентарни избори, соопштија од опозициската партија.