Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.
Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери.
Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).
Две од најмалите држави во Европа, Монако и Лихтенштајн имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е и тоа што Луксембург годинава нема ниеден, иако 2014. таму живееја 17 милијардери со привремен престој, без државјанство.
Авторот напоменува дека таа го покажува бројот милијардери на 10 милиони житѕели, но и вкупниот број милијардери. За споредба, САД има 18 милијардери на 10 милиони граѓани, односно 585 милијардери вкупно; Кина их има 2,7 лица на 10 милиони, а 373 вкупно.