Претставникот на Метаморфозис, Филип Стојановски, вечерва во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21 рече дека голем дел од граѓаните барале интервенција од државата за да ги спречела и заштитела од лажните вести во медиумите.
– Голем број на граѓаните сметаат дека не можат секогаш да ги препознаат тие манипулации и бараат помош и од новинарите. Едно од барањата беше новинарите да ги применуваат своите стандарди и да се борат во првата борбена линија на дезинформациите, вели Стојановски.
Според Стојановски, над 80 отсто од граѓаните сметаат дека лажните вести се општествен проблем.
Но, кои се тие медиуми што шират лажни вести, и како државата да ги заштити граѓаните од лажни вести кои нејзините функционери ги пласираат во медиумите.
Ајде само неколку наслови на лажни вести: „Добивме датум од ЕУ“; „Лага е дека Заев ќе го менува Уставот и името на државата“; „Просечна плата од 500 евра во Македонија“… Може да се редат до сабајле наслови од лажни вести, кои излегуваат од кујната на власта, но можеби Стојановски не ги смета овие вести за лажни, оти лажни се само тие што не и одат во прилог на актуелната власт.
А спасот, односно помошта што граѓаните ја барале од државата е еуфемизиран израз за цензура.
Видеото со изјавата на Стојановски може да ја слушнете ТУКА.