ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19: Бил Гејст има благи симптоми и бустер доза, а неодамна објави нова книга „Како да се спречи следната пандемија“

/ 11.05.2022

Еден од најбогатите луѓе на светот, американскиот бизнисмен Бил Гејтс, е позитивен на коронавирусот.

Не е јасно дали Гејтс, кој досега донираше милиони за борба против пандемијата, првпат е позитивен на Ковид-19.

66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и оти примил и засилувачка доза од вакцината. Тој, исто така, рече дека виртуелно ќе учествува на состанок со луѓе од неговата фондација.

Ко-основачот на Мајкрософт и мултимилијардерот Гејтс минатата недела објави книга со наслов „Како да се спречи следната пандемија“ во која објасни како земјите можат да направат координирани напори за спречување на пандемии и „елиминирање на сите респираторни заболувања“.

Тој отворено зборуваше за тоа како глобалните здравствени власти треба да одговорат на пандемијата и да дистрибуираат вакцини. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс соопшти дека донирала милиони на организации вклучувајќи ги Гави и Светската здравствена организација за финансирање на тестирање, третман и дистрибуција на вакцини.

Во јануари, Гејтс на Твитер напиша дека коронавирусот, „штом Омикрон ќе помине низ земјата, ќе може да се третира повеќе како сезонски грип“.


Од истата категорија