ФК Скопје денеска со победа ја затвори одличната сезона и на Чаир му го донесе заслужениот трофеј националени фудбалски шампион, објави пратеникот и лидер на ДУИ, Али Ахмети.

– Од трибините на стадионот со огнената атмосфера што ја напарви навивачката група Шверцери денеска им честитавме на играчите и раководството на клубот за постигнатиот успех. Нека им е со среќа и во европските натпреварувања, објави Ахмети на својот профил на Фејсбук.

Од фотографиите што ги објави Ахмети се гледа дека заедно навивале со премерот Димитар Ковачевски, собранискиот спикер Талат Џафери и вицепремиерот Артан Груби.