Бившиот премиер Зоран Заев упати честитка по повод 17 мај и ги потсети граѓаните на Македонија на времето кога таа не беше Северна и кога тој се колнеше во неговата македонска жичка, се колнеше дека нема да го чепне Уставот, дека нема да го смени името на Република Македонија и времето на неговата историска „го донеле Заев да го смени името… ајде мајката!“

– Нека е честит и вековит Денот на обединувањето за слобода, Денот на граѓанскиот глас, Денот кога народот ја ослободи македонската црвена боја од прангите на едноумието и насилието. Да живее 17 Мај. Да ја чуваме слободата. Да живеат граѓаните, објави денеска Заев на својот профил на Фејсбук.

Претходно објава на истата тема имаше и неговиот партиски колега и актуелен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.