Бугарски историчарите и филолози ќе заминат за Стразбур, со мисија да ги убедат европратениците во „исправноста на бугарската позиција во спорот меѓу Република Бугарија и РС Македонија“, објави софиски „Стандард“.
– Ова патување доаѓа многу доцна. Две години предлагам да одиме со проф. Пламен Павлов и проф. Ана Кочева во европските метрополи и да убедуваме. Пред две години кога се појави овој спор беше поинаку. Сега овој спор буквално врие – ќе пукне во секој момент и затоа, иако е предоцна, добро е да се направи тоа, изјави археологот Николај Овчаров во гостување во емисијата „Бугарија наутро“ на Бугарија Он Ер.
Според него, Бугарија прави огромен компромис бидејќи „го признава македонскиот идентитет“, додека земјава треба само „да ја признае бугарската историја до 1944 година“.
– Бугарија не сака ништо невообичаено од РС Македонија. Има некои многу јасни работи од кои С. Македонија мора да се откаже. Пред се, тоа е јазикот на омраза, манипулации и фалсификување. Од друга страна, не можеме да ги игнорираме десетиците, па дури и стотиците илјади луѓе кои имаат бугарски идентитет. Крајно време е јасно и недвосмислено да им кажеме на европратениците, на сите институции во Брисел и Стразбур, дека вистината е една и не може да се гази, бидејќи тоа е спротивно на европските универзални вредности, вели Павлов.
Тој вели дека тие сакаат да извршат притисок и врз бугарската страна, бидејќи, според него, влада во Софија има „прилично колеблив став“.