Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан даде интервју за грчка „То Вима“ и кажа дека Охридската архиепископија ќе го почитува поредокот на Православната црква и ќе бара Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија.
Г.г. Стефан во интервјуто кажа дека целта на МПЦ-ОА не се експресни решенија, туку вистинска автокефалност признаена од сите.
„Ние се надеваме на автокефалија како што добија сите послехалкидонски цркви. Ниту бараме, ниту сакаме, ниту заслужуваме експресно решение, кое ќе ја остави црквата на половина пат. Вселенскиот патријарх беше многу снисходлив и се откажа од своите права за да се дојде до општо задоволство и мир меѓу православните односи. Остана да важи традицијата која е загарантирана од каноните дека единствено Вселенската Патријаршија издава Томос за автокефалност, додека другите го прифаќаат тоа со почит“, кажа во интервјуто.