Но, колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален, изјави вечерва Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 кажа дека неговиот имот е ист како и пред 20 години и за тоа колку пари кружат во неговото семејство порача да ја прашаат неговата сопруга бидејќи тој не се занимава со економијата на семејството.
„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.
На прашањето зошто не одговори сега во студио, тој одговори:
„Не знам. Кога ме прашуваш колку е цената на зејтинот, не знам бидејќи од сопругата слушам: цените растат, не растат, толку чини ова, брашното е толку, а било онолку. Јас не се занимавам со ова работа. Но, колку сум заработил за 20 години, одете зборувајте со банките, прометот е легален. Зборувајте со банките, правете го тоа транспарентно“.
За корупцијата во општеството тој одговори:
„Има корупција, има крадци. Дајте да ги фатиме. Кој е тој функционер кој злоупотребува. Не велам дека нема но ајде, нека отвориме национален фронт. Луѓето што се занимаваат со лоши работи знаете ли само колку заеднички јазици наоѓаат. Тие се прават мултиетнички. Бугари, Албанци, Македонци. Сите прогресивни сили не можат да постигнат една спогодба. Нека се бориме против корупција, против криминалот, против лошото, дај да ги пријавиме. Има милионери, станале милионери како станале такви? Кој биле вчера а кои се денес. Не сум против ова. Почни со мене…“, изјави Ахмети во Клик Плус на ТВ21.