Само 5 километри од автопатот Пријателство, се реконстурираат речиси три години.
Како што објави ТВ Сител, градежните работи почнаа во септември 2020 година, а се очекува да завршат во јули идната година. Станува збор за делницата меѓу Петровец и Катланово, која е дел од автопатот на кој актуелната власт лесно и преку ноќ му го смени името, но тешко го менува асфалтот во должина од само 5 км.
Рехабилитацијата на делницата е проект на Јавното претпријатие за државни патишта, а го финансира Европската банка за обнова и развој со сума од над 7 милиони евра. Од претпријатието велат обновата е во застој откако е раскинат договорот со градежната компанија. Во тек е оглас за избор на нова фирма чија задача ќе биде да ги финишира работите. Нејзините градежни машини треба да почнат со работа во јули.
Времениот режим на сообраќај, кој трае три години, е збунувачки за многумина возачи кои транзитираат низ Македонија, па честопати, наместо кон Куманово, се упатуваат кон Скопје.
Штом е тешко да се реконструираат 5 км од готов автопат, за чочек на автопатот од Кичево кон Охрид се чека веќе осма година.