Со новиот Правилник за обновливи извори создадовме услови секое домаќинство и деловен субјект да може да постави фотоволтаик на својот покрив и да ја продава произведената струја.
Ова денеска го објави Владата на својот официјален профил на Фејсбук.
Министерот Бектеши информираше дека овие измени стапуваат на сила утре, со објавување на Правилникот во Службен весник.
Тоа значи дека од утре, потенцијално, секое домаќинство ќе биде газда, производител и продавач на струја.
Завчера во врска со енергијата, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски изјави дека иднината треба да ја гледаме во сонцето:
– Нафта немаме, природен гас немаме, имаме хидроенергија од која зависиме од Господ. За јагленот, производството на термо-електраните треба да се користи додека го имаме, но производната цена со овој квалитет на јаглен ќе расте. Исто така, дополнително се увезува јаглен. А во овој период се надминува со инвестиции во фото-волтаици, изјави Бислимовски.