Едно лице загина, а деветмина се повредени во експлозија која се случи синоќа во рафинерија во Босански Брод. Шестмина се задржани на лекување во болницата Свети Апостол во Добој, а степенот на нивните повреди сѐ уште не е познат. Тројца се пуштени на домашно лекување.

Увидот на местото на експлозијата ќе се изврши денеска, а со него ќе раководи обвинител од Добој.
Експлозијата се случи синоќа околу 21.30 часот во делот за преработка на нафта.

-Силна експлозија, мислевме дека возот излета од шините. Се чувствуваше потрес во зградата, велат жителите кои се наоѓаат во близина на рафинеријата.

Еден час по силната експлозија, се слушнале уште две послаби експлозии. Жителите стравуваат од ширење на токсични гасови по експлозијата.