Пред Собранието денеска повторно се собрани граѓани кои протестираат против прифаќањето на францускиот предлог.
Во Собранието, пак, втор ден во тек е расправата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за започнување на пристапните преговори на земјава со Европската Унија.
Пред и околу собраниската зграда присутно е полициско обезбедување, а улицата пред Собранието е затворена за сообраќај.
Пред Собранието беше одржано „јавно судење“ за Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ од народниот суд на „101 година затвор“ за велепредавство.
Видеото од овој протестен перформанс може да го отворите ТУКА.