Наголемо се шири заразата со варијантата БА5, што потврдуваат и податоците дека во изминатото деноноќие во земјата позитивен резултат е добиен кај 48, 3 отсто од тестираните.
– Во изминатите 24 часа направени се 3.821 тестови, при што вирусот е потврден кај 1.846 лица, додека во болницата Ковид3 во моментов на лекување се 30 пациенти. За жал починаа две лица од Тирана на 67 и 81-годишна возраст, соопшти албанското Министерство за здравство.
Сепак според семејните лекари инциденцата на заразата е повисока, бидејќи поголем број од граѓаните дома прават брзи тестови и не се јавуваат доколку не им се влоши состојбата.
Тие додаваат дека секој втор пациент кој доаѓа во нивните амбуланти е со симптоми на Ковид-19.
Според официјалната статистика од почетокот на пандемијата
до сега направени се вкупно 1.889.151 тестови, позитивни биле 298.578, во списокот на оздравени се внесени 285.912, починале 3.520 додека активни на болеста се 9.146 лица.