Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги прогласи мајмунските сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.

Тој рече дека експертската група на СЗО не успеала да постигне консензус за тоа дали мајмуните сипаници претставуваат глобална здравствена вонредна состојба или не, и дека одлуката ја донел поради брзото ширење на вирусот низ светот.

„Имаме инфекција која брзо се шири низ целиот свет преку нови модели на пренос за кои знаеме премалку. Затоа решив дека ширењето на мајмунските сипаници претставува итен случај за јавно здравје од меѓународна загриженост“, рече Тедрос, според CNBC.

Тедрос рече дека ризикот од инфекција со мајмунски сипаници на глобално ниво е умерен, освен во Европа каде што ризикот е висок.