Шпанскиот премиер Педро Санчес Кастехон денеска пред платото пред Владата беше пречекан со највисоки почести.
Домаќинот Димитар Ковачевски го пречека гостинот и се упатија на пултот каде беа изведени двете химни, објави Вечер.
Најпрвин шпанската, а потоа и македонската. Но, нашата химна повторно беше скратена и од оркестарот на АРМ беше изведен само почетниот дел, без делот за Крушевската република, Гоце Делчев и останатите илинденски револуционери.
Видеото од пречекот и интонирањето на химните може да го отворите ТУКА.
Извор: Вечер