Јас два пати по четири години лежев во бугарските затвори за правата на Македонците во Бугарија, сега македонската држава ќе ги впише Бугарите во Уставот, а никаде нема да биде заведено македонското малцинство во Бугарија, реагира Стојан Ѓоргиев, почесен претседател на ОМО „Илинден-Пирин“ од Софија.
Тој вчера присуствуваше на 51. Семакедонска средба во битолското село Трново.
– Ја осудивме Бугарија во Стразбур 14 пати зашто не ги признава нашите права и пак не не` регистрира. Политиката на Бугарија кон Македонците е многу лоша, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Гоце Делев, Даме Груев, Јане Сандански се бореле против бугарските врховисти кои сакале Македонија да ја припојат кон Бугарија, а сега во Битола направија клуб ‘Иван Михајлов’, најголемиот убиец на Македонците. Ние Јане Сандански си го знаеме, Гоце Делчев, тоа е Македонија за нас, рече Ѓоргиев.