Ураганот Мајкл нанесе големи штети на воздухопловната база Тиндал на армијата на САД, која се наоѓа во југоисточниот дел на Флорида.

– Оштетувањата во базата се големи… Сите објекти се оштетени, покриви, но и структурите на зградите. Многу згради ќе мора да се градат одново, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.

Тешки оштетувања претрпе марината Тиндал, пистата за дронови, Централната воздухопловна лабораторија, полигонот за обука и локалните основни училишта.

– Базата и натаму е затворена. Дрвја и кабли ги блокираат патиштата, се наведува во сооопштението.

Разорниот ураган Мајкл удри на Флорида во близина на Мексико Бич во средата попладне со ветришта кои дуваа со 250 км на час. Според извештаи од медиумите, во ураганот кој го уништи источниот дел на брегот на САД, загинаа шест лица.

Според американските медиуми, најголемата група стелт ловци Ф-22, која беше сместена во базата, и други авиони, евакуирани се пред ударот на ураганот.