Пожар избувна во близина на каналот во Лисиче, а според првичните информации, опожарени се половни хаварисани возила.
Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА потврдија дека на терен се испратени четири противпожарни возила, а повеќе информации најавија за подоцна.
Засега не се знае која е причината за пожарот.