Невремето однесе дел од покривот на куќата на семејството Чулеви во Неготино, а откорнат дел од покривот од соседите им паднал врз автомобилот и го оштетил. Ова се само дел од последиците од невремето проследено со дожд и ветер што денеска го зафати Неготино.

Во изјава за МИА Чулеви рекоа дека немаат струја во домот, па соседите им пуштиле кабел колку за задоволување на најосновните потреби од електрична енергија.

– Имаме штети, целата кујна е поплавена. Страшен ветер бучеше, ролетните ни ги откорна од рацете што се вели, додека се обидувавме да ги собереме за да не се скршат, толку силно не турна и нас, што не залепи за ѕидот. Силина, брзо помина, ама големи штети направи. Имаме скршени прозорци и ролетни. Бидејќи на дел од таванот немаше плоча туку само трска, дождот зафати и други делови од мебелот од горниот кат. Првично се ставија најлони кај оштетениот дел од покривот, немој вечерва или утре пак да заврне, па деновиве ќе се санираат оштетувањата – велат членови на семејството.

-Во првите моменти не бевме ниту свесни што се случува. Неверојатно силен ветар, дожд, бучеше целата куќа. Вратите и прозорците се тресеа. Мислевме дека секој момент ќе ни оделта кровот од над глава, голема среќа беше тоа што траеше само неколку минути – вака за денешното невреме кое го зафати Неготино и околината раскажуваат жители на Војшанци, а пренесува Фокус.

Велат дека кога се смирило невремето излегле надвор и наишле на хаварија во дворот.

Однесена оградата околу двор, паднато дрво… Имавме среќа што поминавме со толку – појаснуваат тие.
Патот помеѓу Војшанци и Дуброво бил блокиран поради падната дрва.

Со оглед на тоа што од Општината најавија утре да се формира комисија за проценки на штети, Чулеви очекуваат да добијат обесштетување.