Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган планира оваа недела телефонски да разговара со рускиот лидер Владимир Путин, а тема на разговор се очекува да бидат ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и украинската криза, изјави дипломатски извор за РИА Новости.
Тој рече дека Турција продолжува да ја исполнува својата чесна посредничка улога во конфликтот како единствена земја што ја добила довербата од двете страни.
Ердоган претходно изјави дека има намера да разговара со Путин за резултатите од неговите неодамнешни разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во Лавов, како и да побара од рускиот лидер да преземе конкретни мерки за решавање на ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.