(видео) СТОИЛКОВСКИ: 500.000 Македонци со глад, 500.000 со помалку од 150 денари на ден, а Ковачевски и Зечевиќ се расфрлаат со пари

/ 25.08.2022

Половина милион Македонци живеат во глад, 500 илјади преживуваат со помалку од 150 денари на ден, а Ковачевски и Зечевиќ потценувачки се расфрлаат со пари!- истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски и Зечевиќ со овој чин го достигнаа врвот на лицемерието и понижувањето на македонскиот народ. Во услови на длабока сиромаштија, кризи и несигурност Ковачевски и Зечевиќ со крајно потценување се расфрлаат со пари буквално фрлајќи му во уста на сиромашниот народ, рече Стоилковски.

Тој истакна дека Ковачевски и Зечевиќ се обидуваат со пари да ја надоместат поддршката од народот, свесни дека ја немаат, дека Македонија е се подлабоко во кризи, а виновници се токму СДСМ.

– Расфрлање со крадени пари не ја гради довербата. Полнењето уста со пари не ја решава сиромаштијата. Напротив. Расфрлање со пари се случува кога тие пари се крадени и не се чесно заработени. Однесувањето на Ковачевски и Зечевиќ покажува целосно лицемерие и одлепеност од реалноста. СДСМ и ДУИ знаат дека им се случува дебакл. Македонија е во длабока криза, најсиромашна држава во регионот и Европа, а власта нема решение и најавува нови поскапувања, нова подлабока сиромаштија. Но наместо грижа за состојбата, СДСМ покажува целосно понижување кон граѓаните. Ова не и доликува и Македонија ова таа не го заслужува, појасни Стоилковски.

Порптаролот додаде дека СДСМ, Ковачевски и Зечевиќ мора јавно да се извинат за понижувањето на македонскиот народ со овој врв на лицемерието.


Од истата категорија