Украинските сили ослободија 400 квадратни километри во источниот регион Харков, соопшти американскиот безбедносен и одбранбен тинк-тенк Институт за воени студии (ISW).
Во својата последна проценка на ситуацијата на теренот, ISW вели дека украинските сили „најверојатно ја искористиле предноста на руското прераспоредување“ на југ за да „спроведат опортунистичка, но многу ефикасна контраофанзива“ северозападно од окупираниот град Изјум.
ISW наведува дека Русија била принудена да премести дел од своите сили на југ поради украинската контраофанзива во областа Херсон.