Постојат веродостојни обвинувања за деца без придружба кои со сила се префрлуваат од Украина во Русија, изјави синоќа заменичката на генералниот секретар на ОН за човекови права Илсе Брендс Керис.

Таа ја изрази својата загриженост дека овие деца ги посвојуваат руски семејства.

– Постојат веродостојни обвинувања за присилни префрлања на деца без придружба на територијата под руска окупација или во самата Руска Федерација, рече Керис за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН за принудните преселби во Украина.