Нема да има никаква смисла ниту цел одржување референдум, кога без разлика на исходот, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не планира да гласа, вели вицепремиерот за европски парашања Бојан Маричиќ.
Никому во Владата, рече, не му било драго или пак го правел со задоволство компромисот кој беше направен со Бугарија.
-Но, мора да се водиме од државните интереси, од државнички пориви и желба да се однесе државата напред. Два ни се интересите: да си го зачуваме идентитот и јазикот и второто е да станеме членка на Европската Унија, тврди Маричиќ.
Според вицепремирот, вистинското прашање на референдумот треба да биде „дали граѓаните се за членство во Европската Унија“.
-Само еден референдум има смисла: дали сте за членство во ЕУ или не. Сите други прашање се заобиколување на единственото вистинско прашање, вели Маричиќ.
Тој не сакаше да прецизира дали доколку бидат собрани 150.000 потписи за распишување референдум, владејачката СДСМ ќе повика на бојкот или ќе учестува.
-Рано е да се каже. Сто пати да ме прашате, истиот одговор ќе ви го кажам. Мислам дека на оваа тема не треба да има референдум. Ако сакаме референдум, треба да биде на вистинското прашање: Дали сакате Северна Македонија да биде членка на ЕУ? Тоа е суштината на оваа дилема, порача Маричиќ.