Во објавениот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, Македонија е рангирана на 87-то место со 39 бодови.
Индексот користи скала на бодови од нула (многу корумпирана земја) до 100 (некорумпирана земја).
Македонија ова место го дели заедно со Косово, Мароко, Танзанија и Суринам.
Во регионот пред Македонија се и Албанија, Бугарија, Србија и Грција. Сите соседни земји се подобро рангирани од нашата.