Македонскиот преговарачки тим и јас, како поранешен министер за правда, го знаеме предизвикот кој ќе го имаме во ова поглавје и напредокот во областа владеење на правото ќе биде јасен показател за текот на преговарачкиот процес, објави вечерва вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тој во објавата на својот официјален профил на Фејсбук се пофали дека
„со денешниот објаснувачки скрининг состанок за Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права, успешно го заокружиле објаснувачкиот скрининг за првиот Кластер, „Темели“.

– Институциите и администрацијата имаат мотивација, а Владата политичка волја за да продолжат реформите во правосудството и да обезбедиме за граѓаните судски систем кој ќе функционира по европски стандарди, вели покрај другото Маричиќ.