Движењето Беса иднава недела ќе ги повика албанските партии да седнат на заедничка маса, за да расправаат околу отстранувањето на одредбата 20 проценти од Уставот на Македонија, објави информативната агенција на албански јазик Журнал.
Агенцијата ја објавува оваа информација како ексклузивна и под наслов „Во следната недела Беса ќе ги свика на маса албанските партии“.
– Седнувањето на заедничка маса на албанските партии во форма на „Тиранската платформа“ се врати во центарот на вниманието, во пресрет на уставните измени, кои мора да се направат, заради натамошното придвижување на земјата кон европските интеграции, процес што зависи токму од отворањето на Уставот, пишува Журнал.