Косовски државјанин се соблекол гол до појас, викал УЧК и агресивно се однесувал кон патниците на денешниот лет на „Визер“ од Брисел за Скопје, пренесува порталот СДК.

– Засега е познато дека станува збор за косовски државјанин кој е задржан на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје поради агресивно однесување. Се работи на расчистување на случајот, изјавиле од МВР за порталот.

Мажот бил веднаш приведен по слетувањето на скопскиот аеродром околу 12 часот и 30 минути.