Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од среднорочните избори во САД, соопшти денеска Кремљ.
– Овие избори, во суштина, не можат ништо да променат. Нашите односи засега се лоши и ќе останат такви, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според прелиминарните резултати од изборите, Републиканската партија е на пат да ја преземе контролата врз Претставничкиот дом од Демократската партија.
Гласачите во Америка вчера ги избраа сите 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот и избраа 35 од 100-те членови на Сенатот.