Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави за рускиот државен ТВ канал Русија 1 дека Европа ќе плати висока цена за изолацијата на Русија.
– Цената за Западот ќе биде бесконечна. И Европа сè повеќе ја плаќа таа цена, а со неа и Полска, рече Ердоган.
Медиумите јавуваат дека Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарале пред два дена. Тема на разговор била целосното спроведување на договорот за жито.
Путин изјави дека Русија не е изолирана ниту ќе биде изолирана од остатокот од светот. Според Путин, „Русија има многу пријатели“.