Пред студентите и младите дипломати денеска на College of Europe испратив порака дека за задржување на мирот и стабилноста на Балканот потребен е јасен план за пристапување на регионот во Унијата, вели вицепремиерот Бојан Маричиќ.
– Затоа ние ја поставивме 2030 година како наша приоритетна цел за полноправно членство во ЕУ. Знам дека е наблагодарно да се говори за рокови и датуми, но мислам дека треба да имаме цел, но и европските институции и земјите членки треба да разберат дека имаме цел за да бидеме пофокусирани, помотивирани и поефикасни во спроведувањето на реформите. Со тоа ќе ја вратиме и довербата на граѓаните во ЕУ и како што ни има покажано историјата, ако ЕУ се покаже како глобален играч на Балканот, ќе може да се покаже како глобален играч и на светско ниво, објави Маричиќ на својот официјален профил на Фејсбук.
Но, едно е домашниот есасп, а друго во ЕУ, потврдува и изјавата на португалскиот премиер:
– ЕУ не може да ги исполни очекувањата на Украина и на земјите од Западниот Балкан за нивно вклучување во ЕУ како полноправни членки, изјави португалскиот премиер Антонио Коста на завчерашната конференцијата во организација на Си-Ен-Ен Португалија.