Повеќе медиуми објавија како „куриозитет“ дека на вчерашната средба на лидерот на ДУИ Али Ахмети и амбасадорката на САД Анџела Агелер, било изоставено знамето на Албанија и дека на фотографијата се гледаат само македонското и американското знаме.

Сепак, тоа е само на „малата слика“, а на големата е и знамето на Албанија, на масичката лево од големото знаме на ДУИ.

Тоа може да се види на двете фотографии што ги објавуваме.

Како што објавивме вчера, Ахмети изјави дека ДУИ силно ја поддржува иницијативата на Агелер за борба против криминалот и корупцијата во Македонија.