ЕВАКУАЦИЈА ВО МНР: И кај Османи „пукна“ дојава за бомба, како и во неколку трговски центри и училишта, МВР врши проверки

/ 12.12.2022

Дојава за поставена бомба пристиганала изутринава во Министерството за надворешни работи, на чие чело е министерот Бујар Османи, како и во повеќе трговски центри и училишта низ Скопје.

Во тек е евакуација на зградата.

– Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа, соопштија од МНР.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на зградата.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.

Дојави за бомби и во ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и неколку училишта

Дојави за поставени бомби пристиганале изутринава освен во Министерството за надворешни работи и до Градскиот трговски центар, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт и до неколку средни училишта во Скопје, како и едно основно училиште во Кавадарци.

До СВР Скопје, денеска околу 09:30 часот било пријавено дека на електронските адреси на девет училишта, како и на Министерството за надворешни работи, ГТЦ, Џевахир сити, ТЦ Ист гејт е упатена закана за поставена експлозивна направа.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, се вели во соопштението од МВР.

Дојава за бомба денеска околу 08:20 часот, пристигнала и во Полициска станица Кавадарци, каде како што информираат од МВР, било пријавено дека на електронска адреса на едно основно училиште во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на објектите.

Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.


Од истата категорија