Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 декември.
Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски.
Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах. После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година. Денес се слави и свети Нектариј Битолски. Потекнуваше од благочестиво битолско семејство. Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир.
Свети Нектариј се замонаши на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели. Се упокои во 1500 година. Неговите мошти беа откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.
КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Очекување на приновата на Блажена Девица Марија.
До Божик има само седум денови. Во некои земји на денешен ден се слави Очекувањето на приновата на Блажена Девица Марија. Тајната на тој празник е способна нашето внимание да го насочи кон божиќното празнување. Денешниот празник ни говори за вековните воздишки, за доаѓањето на Спасителот Исус, за да не спаси од гревовите и од владеењето на ѓаволот. Тоа пристигнување на Спасителот на нашата земја се случило по Марија.
За нас христијаните битно е да ја обновиме верата во невиноста на Марија, да ја следиме Марија во крепосниот живот и да живееме според Божјите заповеди.