Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска бил домаќин на грчкиот и српскиот шеф на дипломатиите, Ивица Дачиќ и Никос Дендијас, по повод верскиот празник Свети Никола.

– Во куќата на моите родители, денеска, на Свети Николе, бев домаќин на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас и Ивица Дачиќ. Фала им што ја почестија куќата на Вучиќ! Да живее српско- грчкото пријателство!- објави Вучиќ на својот профил на Фејсбук.

Од фотографиите кои се објавени се гледа традиционалното славење на верскиот празник и куќната слава во соседна Србија.