Украинскиот претседател Володомир Зеленски пристигна денеска во САД. Тоа е негово прво патување во странство откако Русија изврши инвазија врз Украина, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извор.

Се очекува негова средба со американскиот претседател и обраќање во Конгресот.

Од САД претходно објавија дека ќе ја снабдат Украина со најсофистицираниот систем за ПРО „Патриот“.

САД ќе обезбедат дополнителна воена помош од 1,85 милијарди долари за Украина, вклучувајќи и обезбедување на системот за ПРО „Патриот“, објави во денешното соопштение американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Пакетот за воена помош вклучува милијарда долари вредно оружје и опрема од залихите на Пентагон, вклучувајќи и Патриот, и 850 милиони долари финансирање преку Иницијативата за безбедносна помош на САД за Украина. Таа иницијатива, исто така, ќе се користи за финансирање на сателитски комуникациски систем, кој најверојатно ќе ја вклучи важната сателитска мрежа Starlink на SpaceX на Илон Маск.

Администрацијата на претседателот Бајден го објави ова неколку часа пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.