Собранието денеска ќе ја одржи 98-та седница, на која пратениците ќе поставуваат прашања до членови на Владата.
Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.
Собранискиот спикер Талат Џафери денеска ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите.
На средбата ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието.