Премиерот на Албанија Еди Рама во вторник на 10-ти јануари во Тирана ќе ги собере на состанок лидерите од албанските политички партии во Македонија.
Како што пишува Zyrtare.net, покана за средба добиле претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, Движењето Беса, Билал Касами и првиот човек на Алтернатива, Африм Гаши.
Не се знае која е причината за свикување на оваа средба од страна на премиерот Рама, но таа доаѓа во клучен момент кога во Собранието мора да се изгласаат уставни измени.