Земјотрес е почувствуван вечерва во Радовиш и околината, а потресот го регистрираа и светските сеизмолошки мрежи.
Според Европско-медитеранската сеизмолошка мрежа, епицентарот на земјотресот бил на околу 12 километри од Радовиш, на длабочина од два километри, а потресот бил со интензитет од 2,8 степени според Рихтеровата скала, во 23 часот и 3 минути.
Жители на Радовиш на социјалните мрежи пишуваат дека земјотресот бил силен и краток.
Сеизмолошката опсерваторија исто така го регистрира потресот:
„Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот се случи во 23 часот и 03 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот беше почувствуван од населението во Радовиш и околината“, се вели во соопштението.