За да се внесат во Уставот само 3.500 Бугари, САД и ЕУ ги затворија очите пред вистинската катастрофа во која се наоѓа земјата, поради криминалот и корупцијата на политичарите на власт, коментира поранешниот министер и аналитичар, Џевдет Хајредини.

Неговиот коментар се однесува на силната дипломатско-медиумска пропаганда, која се врши во Македонија за пак да го смени својот Устав сега поради Бугарите, откако претходно за „влез во ЕУ и за бесплатно здравство низ цела Европа“ беше извршен притисок Македонија да го смени и Уставот и уставното име.